Реваншот во 1/8 финалето од ЛШ меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, нема да се одигра. „Кралевите“ се во 14 дневна изолација, поради заразеност на кошаркарот Томкинс, кој бил во друштво и со неколку фудбалери на Реал.

Одлуката е донесена заеднички со УЕФА. Екипата на Манчестер Сити посака што побрзо заздравување на играчот кој е заболен од коронавирус.

Првиот меч заврши со 1:2 во корист за Сити.