Организаторите на Мастерсот во Мајами (САД) решија да го откажат турнирот поради ширењето на коронавирусот во државата.

Мајами опен беше закажан за периодот од 24 март до 3 април. Актуелен победник во машка конкуренција е Швајцарецот Роџер Федерер, кој во минатогодишното финале го совлада Американецот Џон Иснер со 6:1, 6:4. Австралијката Ешли Барти стана шампион во женска конкуренција минатата година, откако во финалето беше подобра од Кристина Плишкова.

Претходно беше откажан Мастерсот во Индијан Велс (САД) и претстојниот турнир во Прага.