Очекувано, и раководството на АБА или Јадранската Лига ги прекина сите свои натпреварувања. Одложувањето важи за натпреварите во АВА 1, АБА 2 и АБА -У19. Сеуште не се знае до кога ќе трае овој прекин. Тоа значи дека  нашиот претставник во АБА 2 лигата МЗТ Скопје ќе почека на одигрување на полуфиналниот дуел од плејофот против хрватскиот Сплит.