Унгарскиот преставник во Лигата на шампионите, Пик Сегед, утрово и официјално потврди дека следните мечеви на домашен терен ќе мора да ги игра пред празни трибини. Според указот на унгарската влада, сите спортски натпревари во следниот период ќе бидат организирани без присуство на навивачи.

„Забрането е одржување на настан со повеќе од 100 лица во затворен простор и повеќе од 500 лица на отворено подрачје. Организаторите се одговорни за спроведување на ова ограничување“, се вели во соопштението од Владата.

„Ќе мораме да играме без гледачи“, потврдија од унгарскиот клуб.