И натпреварот Јувентус – Лион од ЛШ е одложен. Ова беше очекувана реакција со оглед дека вчера беше објавено дека играчот на Јуве, Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус, а сите играчи на Јувентус се испратени во карантин.

Претходно беше одложен и мечот Манчестер Сити – Реал Мадрид. Другите натпревари, засега, не се доведени во прашање, но сигурно дека до другата недела има време да се сменат работите.