Не им пречи ни коронавирусот, синоќа Париз просто „гореше“ по пласманот на ПСЖ во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Мечот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд се играше пред празни трибини на „Паркот на Принцовите“, но затоа по мечот, откако беше 2:0 за „светците“ играчите на ПСЖ излегоа на „балконот“ на стадионот предводени од Анхел ди Мариа и заедно славеа со своите фанови кои направија величенствена атмосфера.

А на коронавирусот сите заборавија!!!

Сепак, фудбал е ова…