Марсел Сабицер од екипата на РБ Лајпциг е едно од имињата кои Барселона ќе се обиде да ги купи во летниот трансфер период. Во вторникот тој постигна два од головите со кои неговиот тим го совлада Тотенхем со 3:0 во ЛШ.

Според информациите, директорот на Барса, Рамон Планес бил наоѓал на трибините на „Ред Бул Арената“ за да ги гледа настапите на 25-годишниот Австриец.

Сабицер има феноменална сезона со 15 гола и 8 асистенции, а е еден од најважните фудбалери за врска.