Италија е една од најпогодените земји по бројот на заразени од коронавирус, луѓето во оваа земја живеат и работат под посебни услови.

Александар Ѓорѓевиќ, некогашниот селектор на Србија и тренер на Виртус од Болоња даде интересна изјава за Американците кои побараа од челниците на клубовите да ги пуштат дома.

„Во една ваква ситуација инспирација треба да најдеме во филмот „Храбро срце“, се првите збори на легендарниот кошаркар.

„Би сакал да им се заблагодарам на своите играчи, засега немаме никакви проблеми. Кога ќе слушнам за проблемите со Американците, тоа за мене е големо „сра*е“. Зошто да не делат пасошите додека сите сме во еден тим? Ние сме Италијанци, Срби, Американци…сите сме тим. Нема разлика во групата. Нашиот дом е таму каде што работиме, тоа се вика професионализам“, поренцираше Ѓорѓевиќ.

Дел од Американците кои настапуваат во Македонија по превземањето на најновите мерки од страна на Владата и одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги затвори границите дигнаа паника, од клубовите побарале да бидат ослободени од обврските.