Од таборот на Вардар пред малку добија известување дека се одложени сите обврски на меѓународен план, дуелот со Нексе во СЕХА-лига и дуелот со Пик Сегед во Лигата на шампиони.

Поради превенција од евентуална зараза со коронавирус, клубот ќе донесе решение ракометарите да не тренираат во следните четири дена, потоа ќе се разгледа ситуацијата и ќе се донесат нови мерки доколку биде потребно.

„Сите клубови учесници во осминафиналето се ставивме на заедничка конференција и се договоривме, ако ЕХФ не го прекине натпреварувањето, ние сите заедно да побараме одложување, зашто безбедноста и здравјето се поважни од се“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.