За Вардар и оваа сезона е тешка како и претходната. Проблемите за жал и натаму „висат“, ветувањата од страна на другите институции за помош на клубот по освојувањето на Лигата на шампионите, никој не ги исполни.

Но, оние кои одлучија да останат до крајот, велат дека ќе се борат, ќе чекаат да заврши сезоната, а потоа ќе видат каков чекор ќе направат.

Во тешките денови, ракометарите имаат вистински мотиватор, тренерот, Стевче Алушовски.

„Стевче е супер личност и тренер, сака да го извлече максимумот од нас. Оваа задача е вистински предизвик за нас. Тој секојдневно разговара со нас, постојано се обидува да не мотивира што повеќе“, рече Скубе, кој е среќен што во тимот се приклучија Борко Ристовски и Марко Мишевски.

Што се однесува до дуелот со Пик Сегед вели дека не очекува големи изненадувања, двата тима добро се познаваат.

Словенецот е реален, шансите за да Вардар ја одбрани титулата е минимална, особено ако се земе во предвид дека составот на македонскиот тим е видливо сменет.

„Јас како играч сум навикнат да се борам за трофеи во сите натпреварувања. Тип на човек сум што секогаш сака предизвици, затоа сега ми е многу жално што ова му се случува на Вардар. Треба да бидеме реални, ланскиот тим што ја освои ЛШ беше најмалку 40% посилен од овој состав на Вардар, минимални се шансите такво нешто да се повтори. Сепак, ако немавме срце и карактер, немаше да станеме европски шампиони“.