Корона вирусот го погоди и спортот и предизвика хаос во календарот. Многу натпревари се одложени за идниот месец поради што ќе се појави згуснат распоред кој, во случај да помине оваа пандемија, ќе биде пеколен за тимовите.

Па затоа постојано се работи на тоа да се најде компромис, бонебезболно да се помине. Секако, сето ова е во случај вирусот да престане да се шири и животот да се врати во нормален тек.

Поради одложување на неколку натпревари во Лига Европа и во Лигата на шампионите, една од мерките на кои размислува УЕФА е воведување на Фајнал-фор како во ракометот и кошарката.

Значи, екипите да одиграа по еден полуфинален и еден финален меч на неутрален терен наместо по два во полуфиналето, пренесува француски „Л’Екип“.

Втората и најсурова варијанта во случај да нема подобрување е прекин на сезоната и да нема шампион.