Македонскиот спорт во целост е „замрзнат“, првенствата се одложени на неодреден временски период. Сепак останува отворено прашањето што ќе прават екипите во следниот период, колку е безбедно да се одржуваат тренинзи, има ли начин да се заштитат играчите?

СПОРТМЕДИА побара мислење од докторот на МЗТ Скопје, Слободан Николиќ.

„Мора клубовите да останат мирни и да ги почитуваат препораките на Владата. Првиот тим на МЗТ Скопје нема да одржува тренинзи во следните неколку дена. Сите мора да бидеме внимателни оти вирусот се шири брзо, може да се пренесе преку предмети, што пак е доста опасно.

Во моментов не постои начин како да се заштитат играчите, па затоа не е паметно да се прават активности додека вирусот е во акутна фаза. Не смееме да заборавиме дека здравјето на сите е најважно. Ќе ја следиме ситуацијата, па од понеделник ќе видиме како ќе делуваме, во секој случај сите мораат да бидат внимателни, поретко да излегуваат надвор, доколку немаат некоја поголема обврска да останат дома“, ни рече Николиќ.