И официјално по одложување на дуелот меѓу Вардар и Нексе во рамките на реванш мечот од четвртфиналето во СЕХА-лига, одложени се и дуелите со Пик Сегед во Лигата на шампионите.

Поради превенција од заштита од коронавирус одлучено е да бидат замрзнати и овие натпреварувања. До 12 април нема да се играат натпреварите во ЕХФ Купот, како и сите оние мечеви кои се под капата на европската куќа на ракометот.