После низата на откажувања на фудбалски, ракометни и кошаркарски натпревари ширум Европа и препораките за изолација, одлучено е да бидат одложени и претстојните квалификациски ракометни натпревари, а Македонија требаше да игра со Португалија на 25 и 29 март. Според насоките на ЕХФ тие ќе бидат одиграни во јуни после натпреварите од 5 и 6 коло.

Ве известуваме дека согласно Одлуката донесена од страна на Влада на РСМ по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, Европската Ракометна Федерација и Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесоа одлука за одложување на претстојните национални квалификациски натпревари.

Согласно горенаведеното Ве известуваме дека собирот на женската сениорска ракометна репрезентација, во рамки на ЕХФ неделата во период од  16ти – 29ти Март 2020 година, се одложува како и претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Португалија“, соопштија од РФМ.