Продолжува доминацијата на Вардарци во СЕХА-лигата. Покрај тоа што македонскиот тим е рекордер по бројот на освоени титули, ракометарите токму од „црвено-црните“ редови се сопственици на наградата Инстаграм крал во регионалното натпреварување.

Минатата сезона беше Игор Карачиќ, оваа е Тимур Дибиров. Следбениците на оваа социјална мрежа имаа шанса да гласаат, добитникот е членот на Вардар. Крунисувањето ќе се случи подоцна, веќе е добро познато дека фајнл-фор завршницата, но и реванш мечот со Нексе во рамките на четвртфиналето веќе се одложени.