Предмалку Европската фудбалска куќа соопшти дека натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа закажани за идната недела се откажани поради големиот број на заразени од корона вирусот. Во вторникот, средата и четвртокот се играа дел од натпреварите од осминафиналето во ЛШ и ЛЕ, но оние што требаа да се играат идната недела се откажани вклучително и натпреварите од четвртфиналето во младинската Лига на шампиони и ждрепката за четвртфиналето која требаше да се одржи во петок, 20. март.

Јувентус-Лион и Манчестер Сити-Реал Мадрид требаше да играат во вторник, а Барселона-Наполи и Баерн-Челзи во среда. Во четврток требаше да се играат реваншите од осминафиналето на Лига Европа.

Засега не е познато кога би се одиграле овие натпревари.