Речиси во сите земји спортот е „замрзнат“ на одреден период поради коронавирусот. Меѓу единствените земји во кои спортските активности не се суспендирани е Унгарија, таму ракомет ќе има овој викенд. Ваквата одлука на тамошните челници на федерацијата не им се допаѓа на ракометарите, дел од нив ги слушаат наредбите и не коментираат, дел дигнаа бунт.

Еден од нив е некогашниот вардарец, Жоан Кањелас, тој не може сфати зошто не се превземаат мерки.

„Сите европски лиги и Лигата на шампионите се стопирани, само во Унгарија сме присилени да играме. Утре имаме нов натпревар. Неразбирливо и неодговорно со оглед на случувањата низ Европа. Трпение и одговорност“, порача Кањелас, кој со неговиот Пик Сегед ќе го пречека Орошази.

Во унгарскиот шампионат се натпреварува и Дејан Манасков, тој е дел од тимот на Веспрем, кој на 17. овој месец треба да одигра меч од тамошното првенство.