Барди, Влатко Стојановски, Костадинов, Кулушевски: Останете дома, здравјето е заедничка одговорност (ВИДЕО+ФОТО)

Барди, Влатко Стојановски, Костадинов, Кулушевски: Останете дома, здравјето е заедничка одговорност (ВИДЕО+ФОТО)

Подготви: Огнен Дојчиновски

И македонските фудбалери се приклучија на кампањата на СПОРТМЕДИА за подигање на свеста на граѓаните во борбата против ширење на коронавирусот, кој зеде голем замав во Европа и во светот.

Поради брзото ширење на (COVID-19) откажани се речисите сите спортски настани во светот. Во Македонија спортот е замрзнат и истиот ќе продолжи само доколку сите заедно ги почитуваме препораките од здравствените лица.

Спортистите посакуваат да ја добиеме и оваа битка, и што поскоро да се вратат во салите, стадионите…да се слуша она страствено навивање, а ние спортските новинари да известуваме за победи!

По Металург и капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски порака испратија Енис Барди, член на нашиот најдобар национален фудбалски тим, како и неговите колеги, Тихомир Костадинов и Влатко Стојановски.

Тука се и фудбалерите на младата репрезентација, Давор Здравковски и Милан Ристовски, интернационалците Давид Бабунски и Владимир Димитровски. Апел испрати и Македонецот со шведски пасош, Дејан Кулушевски и Дени Илиев.

Пораката е иста:

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност, заедно да го победиме вирусот“.

*Редакцијата на СПОРТМЕДИА секојдневно во соработка со спортистите ќе ве потсетува да ги почитувате мерките и препораките за заштита на нашето здравје.