Белгиската кошаркарска лига нема да се доигра. Оваа сезона поради пандемија на коронавирусот е предвреме завршена. Исто како и во Литванија веќе е прогласен и новиот шампион, а тоа е екипата на Остенде.

Остенд е белгиски шампион деветтипат по ред, бидејќи беше лидер на табелата со 13 победи и само 4 порази.

„Одлуката е донесена заради здравјето на играчите, клубовите и навивачите и да се спречи ширењето на вирусот, сето тоа во согласност со одлуките на Владата. Остенде беше прогласен за шампион поради сегашната состојба на табелата што ќе се користи и за европските места следната сезона“, вели генералниот секретар на лигата, Вим Ван де Кере.