Коронавирусот зема голем замав во Европа и во светот, секојдневно сме сведоци на нови случаи на заболени лица. Поради брзото ширење на (COVID-19) откажани се речисите сите спортски настани во светот.

Во Македонија спортот е замрзнат и истиот ќе продолжи само доколку сите заедно ги почитуваме препораките од здравствените лица.

СПОРТМЕДИА како општествено одговорна компанија одлучи да подготви кампања за подигање на свеста на граѓаните.

Нашите клубови и спортисти без размислување прифатија да испратат порака до сите Вас. Посакуваат што поскоро да ја добиеме и оваа битка, што поскоро во салите, стадионите…да се слуша она страствено навивање, а ние спортските новинари да известуваме за победи!

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност, заедно да  го победиме вирусот“, е заедничката порака која денеска ја испратија ракометарите на Металург и капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски.

Во продолжение прочитајте ги препораките од Министерството за здравство.

*Редакцијата на СПОРТМЕДИА секојдневно во соработка со спортистите ќе ве потсетува да ги почитувате мерките и препораките за заштита на нашето здравје.