И тоа се случи. Славниот Ривер Плејт одби да го игра натпреварот со Атлетико Тукуман во Купот на Суперлигата, најважното куп натпреварување во Аргентина. И покрај тоа што Фудбалската асоцијација на Аргентина одлучи да се играат натпревари овој викенд, сепак, од Ривер не го испочитуваа тоа и не се појавија на „Монументал“ за мечот со Атлетико Тукуман. Гостите допатуваа во престолнината но не играа. Од Ривер испратија соопштение дека причината се тоа што неколку нивни фудбалери покажале симптоми на корона вирус и не сакале да ризикуваат.

Од ФА се лути и најавија строги санкции за клубот од Буенос Ајрес. Интересно, оваа одлука доаѓа само еден ден откако Владата на Аргентина ги суспендира сите меѓународни спортски настани кои треба да се одржат во државата до крајот на март.

Со оглед на тоа дека се работи за домашно натпреварување, од ФА сметаат дека треба да се одржи. Од Ривер сметаат дека во време на пандемија не треба да се игра фудбал туку да се мисли на здравјето.

А каква казна го чека. Казна ќе добие и тоа службен пораз, одземање на бодови и парична казна.

Во купот на Суперлигата од оваа сезона играат 24 клубови од Примера поделени во две зони од по 12 клубови. Победниците од секоја зона ќе играат во финалето. А победниците и второпласираните од секоја зона ќе добијат место во Копа Либертадорес идната сезона и Копа Судамерикана.