Адриан Бенкс, кошаркарот на Бриндизи, клуб од Италија, успеа да ја насмее светската јавност со својот пост  на Твитер. Светот е во шок по коронавирусот, но Бенкс најде начин и за малку хумор во целата оваа мрачна ситуација. Иако на ретко кој му е до шега, сепак тие што го следат на Твитер успеа да ги насмее барем за момент.

„Последен пат волку ги миев рацете кога ја добив првата ВХС касета со филм за „возрасни“ напиша Американецот во дресот на Бриндизи и барем за момент го одвлече вниманието од коронавирусот.