Манчестер Јунајтед веќе ја најде замената за Оле Гунар Солксјер на клупата за идната сезона. Според последните информации, нов тренер би можел да биде сегашниот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик.

Флик работи одлично во моментов со Баерн, тимот е веќе во 1/4 финалето на ЛШ, а го има врвот во Германија. Секако, Манчестер ќе има голема конкуренција во тимот од Минхен кој што сака да го задржи.