Многу шпекулации се појавија за ЕП 2020 година. Првично беше најавено дека УЕФА ќе донесе одлука за идната година, но сега има шпекулација дека првенството ќе се игра во декември.

Поради хаосот околу коронавирусот, се поизвесно е дека ЕВРО нема да се одржи во предвидениот рок. Овој предлог веројатно ќе биде соопштен во вторник, кога ќе биде познато што ќе се случува со елините натпревари, меѓу кои и од ЛШ и од ЛЕ.

Се поизвесно е дека сезонава нема да заврши во предвидениот рок поради коронавирусот, особено што има најави дека Италија ќе го стопира фудбалот дури до мај.