Легендарниот американски тренер Рик Питино не е повеќе тренер на Панатинаикос. Тој се враќа во Америка во НЦАА.

Питино во иднина ќе го води универзитетот Јона.

„Многу сум возбуден. Почнав со кошарка во Менхетен, а сега своето патување во завршувам во Њу Рошел. Се враќам онаму од каде почнав“, рече Питино кој е и селектор на репрезентацијата на Грција, но ова ќе значи дека ќе треба да бараат друго решение.