Славиша Кокеза, претседателот на Фудбалскиот Сојуз на Србија и дефинитивно е заразен од коронавирусот.

Последните информации од Белград, барем според тамошните медиуми, велат дека тој се заразил во Амстердам (уште не е познато како), и тоа на 44. Конгрес на УЕФА, кога се одржа и ждрепката во Лигата на Нации.

На овој собир беа претставниците на сите 55. членки на УЕФА и целото раководство на Европската куќа на фудбалот. Во Амстердам беше беше и нашата делегација од Фудбалската Федерација на Македонија на чело со претседателот Муамед Сејдини, потпретседателот Ракиџиев, селекторот Ангеловски.