Корона вирусот го парализира спортот во светот, а прашањето е што откако ќе помине кризата. Ќе има големи проблеми во прекројувањето на распоредот за одигрување на натпреварите во националните првенства и меѓународните купови. Но може и да не се доиграат…

За сега многумина се за воведување на плеј-оф во кој првите четири екипи ќе играат за титула, а последните четири за опстанок. Но многу клубови не се согласуваат со тоа…

Како би се играло плеј-оф во Премиер лигата во моменти кога Ливерпул има огромна предност во однос на конурентите. Во случај на плеј-оф може да ја изгуби титулата…

Ако ЕП 2020 биде одложено за идната година тогаш полесно ќе може да се скрои распоредот, но ако не, е тогаш е проблем.

Претседателот на Лион Жан Мишел Ола има свој предлог. Се чини наједноставен до сега (за националните шампионати), но прашање е дали клубовите ќе се сложат, посебно оние водечките.

Најдобро решение би било да ја прогласиме оваа сезона за „празна сезона“. Шампионската титула да не се доделува, а позициите за европските купови би им се дале на клубовите како и оваа сезона“, изјави Олас за „Ле Монд“.