Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун, вели дека евентуалното реструктуирање на календарот на сезоната Формула 1 во период на откажување и одложување на трките поради коронавирусот, може да обезбеди доволно трки за нормална сезона.

„Поради паузата во август, ќе имаме можност да го преработиме календарот и да презакажеме некои трки. Мислам дека, со оглед на ситуацијата, можеме добро да го преработиме календарот за остатокот од сезоната. Тој ќе биде различен, но ќе има доволно трки. Оптимист сум. Мислам дека можеме да реализираме 17-18 трки оваа сезона“, вели тој, но потенцира дека се ќе зависи од тоа кога ќе започне сезоната.