Унгарската федерација точно на полноќ донесе одлука да го стопира ракометното првенство поради коронавирис. Инаку Федерацијата не попушташе, беше решена да се игра но без присуство на публика во салите.

Дел од ракометарите дигнаа бунт, екс-вардарецот Жоан Кањелас на својот Инстаграм профи испрати порака да се одложат и домашните мечеви, откако претходно тоа го сторија СЕХА-лига и Лигата на шампиони.

Па ракометната Федерација донесе одлука да го стопира првенството на неодредено време.

Интересно, фудбал ќе се игра во Унгарија, а денеска на програмата се натпревари од 25. коло.