Претседателот на ХНС, Давор Шукер и селекторот на хрватската селекција, Златко Далиќ се во превентивен карантин, или самоизолација по веста дека Славиша Кокеза е заразен со корона. Имено и Шукер и Далиќ беа во Амстердам како членови на хрватската делегација на конгресот на УЕФА . 

„Колку што знаеме никој од нашите не беше во контакт со Кокеза во Амстердам. Сепак мораме да бидеме внимателни и крајно сериозни. Сите кои што бевме во Амстердам по препорака на нашиот доктор сме во самоизолација“ изјави портпаролот на ХНС Томислав Пацак.

За постетување на овој Конгрес присуствуваше и македонската делегација.