Барселона сериозно е заинтересирана во своите редови да го донесе младиот играч на Лион, Рајан Черки. Овој 16-годишен играч веќе дебитираше за сениорите на францускиот тим, а неколку пати добиваше шанса влегувајќи од клупата.

Тоа беше доволно скаутите на Барселона да го приметат и да бидат заинтересирани за него, и да тргнат по неговиот потпис.

Против Нант во Купот на Франција постигна два гола. Черки првиот професионален договор го потпиша во јануари, со траење до 2022 година.