Коронавирусот го стопираше спортот во Европа и во светот.

Бројни европски натпреварувања се „замрзнати“, меѓу нив и Премиер-лига. Оваа сезона блеска Ливерпул, кој има 25 бода повеќе од Манчестер Сити.

Англиските медиуми објавија дека ова натпреварување ќе продолжи во април, но мечевите ќе се играат без присуство на публика. Оваа одлука не им се допадна на фудбалерите, особено на Ван Дајк.

„Никој не сака да игра пред празни трибини. Ќе ми биде жал, но нормално треба да ја прифатиме одлуката. Доколку ја освоиме титулата, трофејот веднаш ќе го однесеме кај нашите фанови“.

Ливерпул се збогува со ЛШ по поразот од Атлетко, но во првенството тешко дека ќе може да ја пресконе предноста.