Некогашниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, смета дека актуелниот светски шампион Луис Хамилтон не треба да размислува за заминување од Мерцедес. Според него, малку е веројатно дека Британецот ќе успее во Ферари.

„Да сум на местото на Луис, ќе си останам во Мерцедес. Тој е комотен во тимот, ужива целосна поддршка на Тото Волф. Хамилтон нема да успее во Ферари. Тие се Италијанци. Како прво, тој ќе мора да научи италијански за да разбере за што зборуваат зад него. Проблемот со Италијанците е што не сакаат да се расправаат со никого, не сакаат да се борат. Наместо тоа, тие нудат да ги решат проблемите на вечера и велат дека сакаат да бидат пријатели. Ако јас го водев тимот во кој е Хамилтон, јас би ја намалил неговата плата. Во овој случај, би му дал целосна слобода во однос на потпишување договори за спонзорство. Мерцедес се обидуваат да го контролираат малку, јас не би го сторил тоа“, вели тој.