Шефот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, во видео разговор изјави дека во вторник Италија ќе и предложи на УЕФА да го одложи Европското првенство, кое треба да се одржи ова лето.

Според првиот човек на италијанскиот фудбал, ова е единственото разумно решение во тешката ситуација во Европа поради пандемијата на коронавирус.

„Инвестициите и очекувањата за европското финале се големи. Што ќе се случи – ние ќе се соочиме со овој проблем во вторник кога ќе има меѓународна дебата. Ќе предложиме УЕФА да го одложу ЕУРО 2020. Италија е во тешка ситуација“, посочил Гравина.