Каква „шлаканица“! Каков шок! Имено веста дека Роналдо ги дал своите хотели да се адаптираат во болници, верувале или не, била ЛАЖНА. Се потекнало од фејсбукот на Арена Деспортива, потоа веста ја презела и Марка. Но потврда од Кристијано Роналдо немало во текот на денот.

Единствено германскиот РТЛ се јавил во хотелот во Лисабон со прашање во што е работата.

„Ние сме хотел, и нема да бидеме болница. Ден, како и секој друг, освен тоа што постојано новинари ни се јавуваат“ кажале официјалните лица од хотелот на Роналдо.

Ете, и тоа е можно…