Раководството на кинеската кошаркарска асоцијација има намера да ја продолжи редовната сезона во наредните недели. Одлуката е донесена заради фактот што состојбата со појавата на коронавирус во земјата се стабилизира.

Во исто време, Федерацијата бара сите американски играчи кои по избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, привремено ја напуштија земјата, да се вратат во Кина. Сепак, многумина од нив рекоа дека немаат намера да се вратат се додека ситуацијата не биде целосно под контрола.

Во случај да одбијат да се вратат во кинеската лига, од Федерацијата им се закануваат на играчите со забрана за влез во земјата доживотно. Казната може да влијае и на агенти на играчи чии активности во земјата се загрозени со забрана од две до три години.