Челниците на Барселона ќе побараат од Ла Лига да им ја доделат титулата првак во Шпанија.

„Барселона ќе ја побара титулата првак. Првиот аргумент е дека има одиграно 70% од натпреварите, а вториот е дека на полусезоната замина како есенски првак со 40 бода. Доколку првенството не продолжи ќе се земе во предвид само есенскиот дел“, пишуваат каталонските медиуми.

За постетување во Шпанија исто поради коронавирус се прекинати сите спортски натпреварувања, до крајот останаа 11 кола, а тимот на Барса е првопласиран со два бода повеќе од Реал Мадрид.

Во историјата на шпанскиот фудбал не се прекинало ниту едно фудбалско првенство, по правилата до истото може да дојде доколку има вонредна состојба, која е прогласена во овој момент.