Британскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури е обвинет за прикривање на допинг тестот пред пет години. Тогаш тој и неговиот роднина Хјуи биле позитивни на стероидот нандролон кој се смета за допинг. Боксерот се бранел дека е во прашање на месо од дива свиња кое го јаделе или заразени суплементи.

Сепак, тогаш биле казнети за невнимателност, а тоа му овозможи на Фјури да се врати до 2017 година и истата да се врати со борба во која после двомечот со Вајлдер да стигне до ВБЦ титулата и многу пари.

Сега се појавиле нови докази. Имено, фармер од Ланкашир Мартин Керфут кој тогаш тврдел дека ја снабдувал фамилијата на Фјури со месо од дива свиња, вели дека тоа не е вистина, поточно му било понудено 30.000 евра за да лаже. Тој лажно сведочел, а парите никогаш не ги добил. Па решил да ја каже вистината.

Британската анти-допинг агенција најави истрага, а Фјури би добил суспензија ако се докаже дека свесно сакал да ги измами нивните агенти. Промоторот на Фјури Франк Варен ги отфрли овие обвинувања на фамерот.