Вандализам во Струга, во еден од нашите најубави градови. Како што информира „Охридњус“, оштетени се, или украдени, симболите на ФК Караорман од Градскиот стадион во Струга. На ѕидовите позади головите од теренот, сторителите имаат напишано недолични зборови, кои, немаат место на спортските борилишта, каде што Караорман пред две децении и повеќе ги пречекуваше најдобрите македонски клубови.

„Не сакаме да се сомневаме, но мораме да се запрашаме дали на некој му пречи заживувањето на ФК Караорман.Клуб кој е синоним за Струга, и како таков секој треба да го почитува“, велат за Охридњус луѓето од Караорман.

Инаку Караорман моментално се натпреварува во Третата лига југо-запад. Раководството најавува стабилизирање  и консолидирање на клубот и брзо враќање во Втората лига.