ФИА и Формула 1 најавија дека ја следат ситуацијата со епидемијата на коронавирусот и дека ќе го прилагодат календарот.

Новата сезона ќе почне со задоцнување, во мај, но не е познато во која земја. За 3. мај е закажана трката за ГН на Холандија, но и таму ситуацијата во моментов со коронавирусот не е сјајна. Седум дена подоцна треба да се вози ГН на Шпанија, која после Италија, стана најголемо жариште на вирусот.

Следна по ред е 24 мај во Монте Карло. Кина, Австралија, Бахраин и Виетнам се откажани. Оваа сезона можно е да се возат неколку трки помалку, односно да биде скратен циклусот поради вирусот кој го зафати целиот Свет.