Босанската кошаркарска федерација тргна по примерот на Литванија и Финска. Челниците на чекаа многу, поради коронавирусот одлучија првенството да заврши, а титулата да му доделат на тимот на Игокеа во машка конкуренција.

„Според последниот пласман на кошаркарските тимови во Босна и Херцеговина во машка и женска конкуренција за сезоната 2019/2020 шампионската титула се доделува на Игокеа и на Бановиќи. Оваа одлука ја донесе Управниот одбор на кошаркарската федерација на БиХ на денешната итна телефонска седница. Оваа одлука е поради превенција од ширење на коронавирусот“, се вели во известувањето на тамошната федерација.