Висар Муслиу, македонски репрезентативец и член на Мол Види се приклучи на кампањата на СПОРТМЕДИА за подигање на свеста во битката со коронавирусот, испрати апел до сите граѓани на нашата земја кои се ослободени од работните обврски поради коронавирус.

Покрај него фотографии до нашата редакција со цел побрзо да ги надминеме овие тешки денови испратија и Јани Анатанасов (Бурсаспор), Кирче Ристевски (Ујпешт), Виктор Ангелов (Широки Б.), Стефан Ашковски (Ботошани) и Давид Тошевски (Работнички).

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност, заедно да  го победиме вирусот“, е заедничката порака.