Паника во Челзи, и тоа само поради една голема глупост на млад фудбалер. Имено клубот им нареди на сите свои играчи да бидат во самоизолација, и тоа поради коронавирусот со кој беше заразен Калум Хадсон – Одои. Но, некои очигледно дека не ја сфаќаат сериозноста на целата ситуација. А тоа е Мејсон Маунт кој избегал од карантин, притоа бил фотографиран како заедно со Деклан Рајс (Вест Хем) игра фудбал во еден спортски центар во Лондон.

Па така тој ризикуваше да му пренесе вирусот на својот пријател од другиот клуб. Да споменеме дека во Вест Хем досега никој не е позитивен. Секако дека после ова Челзи жестоко ќе го казни Маунт, а може и да го суспендира.