Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, повикал итен состанок со преставниците на националните комитети, пренесуваат медиумите.

Како што се наведува во веста, утре ќе се разговара за моменталната ситуација настаната поради пандемијта на коронавирусот. Со оглед на тоа што многу спортски настани се одложени или откажани, доведено е во прашање и одржувањето на Игрите во Токио.

Според добро информирани извори во ИОК, раководството на Интернационалниот комитет не сака да прифати одржување на ЛОИ без присуство на публика. Таа одлука не доаѓа в предвид, затоа што се коси со духот на олимпизмот. Останува да се види кои ќе бидат конкретните чекори, иако многумина прогнозираат одложување и на најголемиот спортски форум оваа година.