Работнички, еден од нашите најголеми клубови, се приклучи во кампањата на СПОРТМЕДИА за подигање на свеста во битката со коронавирусот. Дел од фудбалерите на Работнички испратија апел до сите спортисти, жители на нашата земја да се приклучат во тешката битка со опасниот вирус.

Младиот „бомардер“ Давид Тошевски,репрезентативецот  Дамјан Шишковски, капитенот Горан Силјановски, големиот талент Димитар Тодоровски, брзото крило Петар Петковски и неуморниот борец Стефан Јевтоски порачаа:

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност! Заедно да го победиме вирусот“.

Инаку кампањата на СПОРТМЕДИА стана вистински хит меѓу нашите спортисти, сите сакаат да учествуваат и да помогнат во битката со коронавирусот.