Составот на Ливерпул е веќе најскапиот тим во светот откако фудбалската опсерваторија CIES ги објави резултатите од последното истражување. Вкупната вредност на момците предводени од Јирген Клоп, во моментов се проценуваат на 1,4 милијарди евра.

Така, тимот од Мерсисајд е пред Манчестер Сити, кој сега е втор со вредност од 1,3 милијарди евра. Шпанските гиганти Барселона и Реал (М) имаат „поефтини“ тимови. Каталонците вредат 1,17 милијарди евра, а играчите на Реал Мадрид – 1,11 милијарди евра. Петти на листата е Челзи со тим проценет на 1,008 милијарди евра.

Дваесеткратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, е шести на листата и последен клуб што има тим кој ја минува границата од 1 милијарда евра.

За пресметката на CIES, е користена формула која вклучува возраста на играчите, нивните перформанси, економската вредност на самиот клуб, како и инфлацијата при утврдување на цената на играчите.