Управниот Одбор на КФСМ одржа седницата на која беше прифатен предлогот од голем број кошаркарски работници да го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски Буштур.

„Куп натпреварите кои се одржуваат секоја година и се дел од календарот на федерацијата, да се именува како “КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти, а притоа остави големо спортско наследство на сите понатамошни генерации“, се вели во известувањето на КФСМ.

Собраните средства од натпреварот меѓу Македонија – Естонија, засега нивната сума не се открива ќе биде донирана, но по посебна одлука на генералниот секретар.

„Се донесе едногласно, одлука, целиот добиен износ од продажба на влезните билети од натпреварот Македонија – Естонија кој се одигра на 20.02.2020 година, во А1 Арената „Борис Трајковски“ да се донира во добротворни цели. Средствата ќе се распределат согласно со поединечни потреби-барања, односно со посебна одлука на генералниот секретар на КФСМ, а по утврдување на основ за реализација на донациите од страна на федерацијата“.

И завршната сметка за 2019 е едногласно усвоена велат од КФСМ.