Данскиот репрезентативец Мадс Менса кој е член на Рајн Некар Левен, е заразен со коронавирус.

Тој минатата недела имал симптоми на грип и поради тоа е тестиран, и на крајот се покажал позитивен.

Како што кажува, се чувствува добро.

„Во контакт сме со нашиот лекарски тим. Ќе сториме се што можеме за да го забавиме ширењето на вирусот“, рече директорката на екипата, Џенифер Кетеман.

До лани во Рајн Некар играше Филип Талески.