Првиот човек на Ф1 тимот на Рен, Сирил Абитбул не ја исклучи можноста наскоро да видиме трансфер на Себастијан Фетел во редовите на францускиот тим. Доколку Даниел Рикардо одлучи да ја продолжи кариерата на друго место и да го напушти Рено, Абитбул вели дека трансферот на Фетел би можел да биде реален.

„Треба да го задржиме Даниел Рикардо. Тој е важен пилот за нас. Треба да почекаме на првите трки за да видиме дали бевме во можност да направиме чекор напред. Многу ќе зависи од календарот, треба да ги погледнете нашите резултати и да најдеме време да ја анализираме моменталната состојба. Ако си замине Рикардо, тогаш не сакам да кажам не за трансфер на Фетел. Тој е одличен пилот и вистински шампион. Работевме заедно и добро се познаваме“, изјавил првиот човек на Рено.