РК Тинекс Пролет ги одложи тренинзите на неодредено време

РК Тинекс Пролет ги одложи тренинзите на неодредено време

Ракометниот клуб Тинекс Пролет донесе одлука за прекин на тренажниот процес на првата екипа и сите младински тимови се до завршувањето на кризните мерки што се препорачани од Владаста на РСМ против ширење на коронавирусот.

“Како општествено одговорен клуб, донесовме одлука стручниот штаб и ракометарите да се распуштат на неодредено време, при што им се дадени совети и препораки за минимизирање на ризикот од Ковид-19. „Принудниот одмор“ ќе трае се до наредната одлука, која како клуб ќе ја донесеме откако ќе се добие официјална информација дали и кога ќе може да продолжи домашното првенство во ракомет.

Останете дома, чувајте се и внимавајте на себе и на другите, тоа е единствениот начин да излеземе од ова заедно како победници”, се вели во соопштението на клубот.